Најави се

Добредојдовте, логирајте се за понатаму

Регистрација

Ресетирање на лозинка

Внесете E-mail на кој ќе Ви бидат испратени инструкции за ресетирање на лозинката

Секој ден vaucher.mk нуди непобедлива зделка за најдобрите работи што можете да ги правите, вкусите или посетите во Вашиот град. Со ветувањето на бизнисите одреден загарантиран број на потрошувачи, добиваме попусти кои не можете да ги добиете на било кое друго место. Ние тоа го нарекуваме "моќта на групното купување".

Да. Покрај можноста да купувате со попуст, зачленувањето значи дека во вашето поштенско сандаче ќе ги добивате новите зделки кои се од ваш интерес, така што не би пропуштиле понуда за која сте заинтересирани заради ненавремено известување. Покрај тоа, членството не ве чини ништо, па нема што да изгубите. Можете само да добиете. На крајот на краиштата секогаш можете безболно да се одјавите. За да одберете за кои категории сте заинтересирани да добивате известувања одберете ги категориите од линкот Email Известувања во опаѓчкото мени на Вашиот профил или ако не сте најавени кликнете на линкот "Промени ги категориите од интерес" кој се состои во секој маил добиен од нас најдолу.

Да. ваучерите имаат датум од кога може да се користат, како и рок на истекување до кога може да се користат. Најчесто купонот може да се користи веднаш по купување, меѓутоа во Условите на секоја зделка е наведен рокот за користење за конкретната понуда.

Само кликнете на копчето "купи" додека е активна понудата. Доколку доволен број на купувачи се пријават за понудата, ќе ви биде наплатено од Вашата картичка и ќе ви биде испратен е-mail за да го испечатите Вашиот ваучер. Доколку не се пријават доволно луѓе, никој не ја добива понудата (а Вам парите ќе ви бидат вратени на Вашата платежна картичка). Па поканете ги Вашите пријатели за да се осигурате дека ќе ја добиете понудата.

Доколку зделката се уште не го достигнала минималниот број на купувачи, почекајте да го достигне и тогаш ќе го добиете вашиот купон. Купонот го добивате на два начини: преку email и на Вашиот профил во --> Ваучери.

Откако зделката ќе го достигне минималниот број на купувачи, ќе го добиете Вашиот ваучер, кој ќе можете да го испечатите и да го употребите. На самиот купон има инструкции за употреба и адреса на компанијата.

Не. Купонот може да го искористи било кое лице на кое ќе го дадете. Во секој случај за да не дојде до злоупотреба чувајте го на безбедно место Вашиот купон како и профилот каде е зачуван и email адресата.

Kога ќе се пријавите пари се повлекуваат од вашата картица, но стојат резервирани со цел вие да не може да ги потрошите додека зделката не се затвори. Доколку зделката е успешна, парите легнуваат на сметка на бизнисот, во спротивно доколку зделката не го достигне минималниот број на купувачи, парите ви се враќаат на Вашата картичка.